“СВЕТОТ НЕ МОЖЕ ДА МОЛЧИ ДОДЕКА ОВА СЕ СЛУЧУВА“ – Холивудската актерка родена во Израел упати силен апел поради војната во нејзината татковина

Гал Гадот, позната израелска актерка, стана позната по улогата на акциона хероина во филмот „Wonder Woman“.

Гал Гадот сега се огласи на социјалната мрежа Инстаграм за да проговори за војната што започна во нејзината земја во саботата наутро.

Палестинската воена група Хамас уби најмалку 250 Израелци и држи во заложништво десетици жени, деца и постари лица во Појасот Газа. Од раните утрински часови се истрелани повеќе од 3.000 ракети. Хамас држи заложници, контролира бази и населби во Израел. Повеќе од 1.500 луѓе се повредени, а тешките борби се уште траат“, напиша актерката во објавата, додавајќи: „Ги слушам нивните гласови… Ме боли срцето. Се молам за сите оние кои се во болка“.

Таа потоа објави уште една објава на социјалните мрежи.

Јас стојам со Израел, а вие исто така. Светот не може да молчи додека се случуваат вакви страшни терористички акти“, напиша актерката.

За потсетување, Гал Гадот претходно мораше да служи војска во својата земја две години, како што налага законот.

војнаГал ГадотИзраелПалестинаХамас