Светот не престанува да брмчи за неговиот потег! Принцот Вилијам запрепасти со одлуката, ништо нема да биде исто после ова!

Принцот Вилијам вчера требаше да замине на претходно договорено службено патување, но во последен момент го откажа патувањето.

Како што пренесува Hello!, Бакингемската палата накратко соопштила дека принцот Вилијам  нема да присуствува на закажаниот ангажман бидејќи решил да го одложи патувањето во последен момент.

 За жал, мораме да го одложиме терминот и многу ни е жал за сите што веќе пристигнаа таму – изјавија за медиумите.

Инаку, оваа одлука е донесена откако  кралот Чарлс Трети и кралицата Камила  најавија промени во распоредот и откако британскиот премиер Риши Сунак откри дека општите избори ќе се одржат на 4 јули годинава.

Во своето официјално соопштение, кралската двојка потврди дека сите закажани настани, кои би можеле да го одвлечат вниманието од изборната кампања, се откажани или одложени.

Поради сето ова, кралот, кој во средата се сретна со премиерот и се согласи со неговото барање за распуштање на парламентот, однапред се извини.

 

Да потсетиме, се шпекулираше дека принцот од Велс следната недела ќе направи мала пауза од сите кралски должности и ќе го помине училишниот распуст со своите деца. Многу е веројатно дека семејството ќе се упати во Анмер Хол, нивниот дом во Норфолк.

Не е потврдено кога Кејт ќе се врати на кралските должности додека продолжува со лекувањето од рак. Во меѓувреме, нејзиниот свекор, кралот Чарлс, продолжи со јавните должности на крајот на април, откако во февруари му беше дијагностициран рак.