“СВЕТОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОБЛИСКУ ДО НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА!“ – Страшно предупредување од Обединетите нации

Денес светот е најблиску до нуклеарна катастрофа во последните 100 години“, изјави претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), Чаба Короши.

Зголемената недоверба, геополитичката конкуренција и зголемениот број вооружени конфликти само ги зголемија опасностите во нашиот свет“, вели Чаба Короши.

Како што истакна тој, во 2022 година глобалните воени расходи достигнале рекордни 2,2 трилиони долари.

Гледаме многу знаци дека нуклеарните арсенали и способности растат, што е спротивно на Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Поблиску сме до глобална катастрофа од кога било во овој век“, нагласува Чаба Короши.

Во исто време, тој изјави дека за време на конфликтот во Украина редовно се слушаат закани за прибегнување кон нуклеарен напад.

нуклеарно оружјеОбединети нацииЧаба Короши