Сите беа изненадени што САД јавно ја објавија локацијата на подморницата. Тоа се сметаше за недвосмислена порака до Иран.
Централната команда на американската војска утринава соопшти дека нејзината нуклеарна подморница вооружена со проектили вчера пристигнала на Блискиот Исток.
– На 5 ноември 2023 година, подморницата од класата „Охајо“ пристигна во областа на одговорност на Централната команда на Армијата на САД – се наведува во соопштението.
Скај њуз вели дека е без преседан САД јавно да го соопштуваат ставот на сите свои нуклеарни подморници и дека некои коментатори го гледаат ова како порака до Иран.
US CENTCOM announced that on November 5, 2023, an Ohio-class submarine (SSGN) arrived in the U.S. Central Command area of responsibility.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 5, 2023
An Ohio-class SSGN is armed with 22 missile tubes, each with 7 Tomahawk cruise missiles, totaling 154. pic.twitter.com/iCkMYXaE4S
Британската телевизија објаснува дека под „област на одговорност“ во изјавата се подразбира географски ограничената област во која САД имаат овластување да планираат и спроведуваат операции.
Се вели дека областа се протега од Рогот на Африка до Централна Азија и е надгледувана од Централната команда за „да ги заштити американските безбедносни интереси“.