Светот утре ќе го види моќното руско оружје! Сите чекаат да ја видат главната „ѕвезда“ – Путиновиот оревокршач! (ФОТО)

Како и на секоја прослава по повод Денот на победата, ќе биде изложено најмодерното руско оружје. Оваа година, многумина очекуваат да имаат можност јавно да ја видат најновата руска ракета „Орешник“ или ,,Оревокршач” .

За првпат, камиказа дроновите „геранџ“, кои се користат за време на Специјалната воена операција, ќе бидат прикажани на воена парада. Тие ќе бидат претставени во црна боја, што ја намалува видливоста на дроновите ноќе, а ќе бидат доставени до Црвениот плоштад со КамАЗ-6350.

Можни се и други изненадувања, како што е прикажувањето на најновата балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, која Русија првпат ја употреби во ноември 2024 година за време на нападот врз фабрика за оружје во Дњепарк. Претседателот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, не ја исклучи таквата можност.

Заедно со руските војници, единици на сојузничката армија ќе парадираат низ Црвениот плоштад. Иако нема официјална потврда, се очекува и учество на севернокорејски војници, кои за време на сегашниот конфликт со Украина и нејзините западни сојузници учествуваа во ослободувањето на руската погранична област Курск.

Опремата од Втората светска војна, како и најсовременото оружје, вклучително и воената опрема што добро се покажа за време на Специјалната воена операција во Украина, традиционално ќе помине низ Црвениот плоштад. Како по правило, механизираната колона ја предводи легендарниот тенк Т-34-85.

– Ќе ја покажеме целата наша моќ на таа парада. Ќе покажеме дека нашата армија е способна да изврши каква било борбена мисија во кој било дел од планетата”, додаде Глазунов.

Иако првите проби за парадата во Москва се одржани, сè уште не е официјално објавено која воена опрема ќе парадира, но се очекува публиката традиционално да може да ги види тенковите Т-90М „Прорив“ и „Армата“, пешадиските борбени возила, арктичката опрема, ракетните системи Искандер-М, самоодните артилериски хаубици, системите С-400, „Бук“, „Јарс“, „Тор“, борбени повеќенаменски роботизирани системи, како што е „Уран 9“ и друга воена опрема.

Исто така, се очекува дека над Црвениот плоштад ќе летаат најсовремени руски авиони и хеликоптери, вклучувајќи ги јуришните авиони Су-25, Ту-160, стратешките бомбардери Ту-95 и други.

Да потсетиме дека минатата година, заедно со „Искандер“, беше прикажана и интерконтиненталната балистичка ракета РС-24 „Јарс“, со дострел од 10.500 до 12.000 км, која достигнува висина од 180 до 200 км за време на летот. 

Во тоа време беше прикажан и системот за воздушна одбрана со долг дострел С-400 „Триумф“. Тоа е наследник на познатиот С-300, создаден преку понатамошен развој на варијантата С-300ПМ2. Новиот систем доби посовремени радари, софтвер и четири нови видови ракети, додека ја задржа можноста за работа со постари ракети што ги користат системите од семејството С-300.