Светската здравствена организација со загрижувачко предупредување: “Вознемирувачки е порастот на случаите на сипаници во Европа“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на морбили (сипаници) во Европа, каде што се забележани 30 пати повеќе од претходната година, јави BBC во вторникот.

Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето.

Повеќе од 30.000 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година.

СЗО верува дека причината е што помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата со вирусот Ковид-19.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге вели:

Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21.000 хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко“.

Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест“, нагласи Ханс Клуге.

Малите сипаници можат да бидат сериозна болест на која било возраст.

Од сите земји во европскиот регион е побарано да детектираат сипаници и брзо да реагираат на нејзиното ширење, давајќи им ја вакцината на повеќе луѓе.

болестЕвропаСЗО