Светска банка предвидува раст на економијата на Македонија во 2025 година

Светска банка ја ревидираше прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и 2026 година.

Во последниот извештај за глобалните економски перспективи, Светска банка проценува дека економијата на земјата годинава ќе порасне за 3,0 отсто, што е за 0,1 отсто повеќе од претходната прогноза.

За 2026 година се предвидува пораст од 3,2 отсто или зголемување од 0,2 отсто во однос на претходната проценка.

Од земјите од регионот, Бугарија годинава ќе има пораст од 2,8 отсто, Хрватска 3,0 отсто, Босна и Херцеговина 3,2 отсто, Албанија и Црна Гора по 3,5 отсто, Косово 3,9 отсто и Србија 4,2 отсто.

Целиот регион на Западен Балкан се предвидува да порасне за 3,7 проценти во 2025 година и 3,9 проценти во 2026 година.