Свечено отворено Американско катче во Струга

 – Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска ги отворија просториите на Американското катче, сместени во новата општинска зграда.

Формирањето на Американското катче во Струга и неуморната работа низ сите овие години влијаеше и понатаму влијае позитивно врз младите стружани. Тие секојдневно имаат можност да стекнат искуство или неформално образование, не само заради познавањето на англискиот јазик, туку и поради дружењето, меѓусебното запознавање, истакнувањето на различните идеи, дијалогот и демократските дискусии, соопштија од Општина Струга.

Американското катче во Струга е отворено во 2010 година, со потпишување меморандум за соработка на градоначалникот Мерко, во неговиот втор мандат со Американската амбасада. Просториите беа дел од старото основно училиште „Браќа Миладинвци“,во кое по реконструкцијата е сместена општинската администрација.