Католички свештеник кој организирал оргии во неговиот стан, каде што едно лице се предозирало со таблети за еректилна дисфункција, е затворен во Полска.
Домаќин на овој екстремен настан на кој присуствувала и проститутка бил отец Томаш Змарзи, од црквата „Пресвета Богородица на Ангелите”, но сè излегло од контрола и била повикана полиција.
46-годишникот организираше забава во неговиот парохиски стан во август 2023 година.
Еден од мажите колабирал откако испил премногу апчиња. Кога неговиот пријател се обидел да повика полиција, свештеникот го исфрлил на улица.
Кога службите за брза помош конечно пристигнале на местото на настанот, отец Томаш одбил да ги пушти внатре, каде што жртвата подоцна била пронајдена во несвест и повредена.
Жртвата се здобила со тешки повреди во долните делови од телото.
Извор за локалните медиуми изјави: „Настанот беше организиран од свештенството и имаше чисто сексуална природа. Учесниците земаа апчиња за потенција“.
Католичката црква во Полска е зафатена со скандал откако се појави приказната минатата година.
Отец Томас беше уапсен во јануари и обвинет за четири кривични дела.
Тој исто така беше разрешен од свештенството минатата година, откако почнаа да кружат извештаи за оргии.
Свештеникот беше само официјално идентификуван како „Томас З. поради полските закони за приватност, но странските медиуми го нарекоа отец Томаш Змарзи.
Тој е осуден на 18 месеци затвор за сексуални деликти, снабдување со дрога и неукажување помош на лице во животна опасност или тешка телесна повреда.
Исто така, му било наредено да плати 15.000 злоти (3.000 фунти) на жртвата и неколку илјади злоти на фондот формиран за помош на жртвите на криминал.