Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, го привлече вниманието на многу фанови и корисници на социјалните мрежи благодарение на необичната креација со која го истакна деколтето.
Имено, таа позираше во краток фустан на модниот бренд Schiaparelli кој беше направен од вештачки нокти. Изгледот го комплетираше со едноставна шминка, фенирана фризура и дијамантски обетки.
Таа на состанокот позираше со својата пријателка Наташа Пунавала, која носеше иста креација.
“Ти си прекрасна! Се прашувам дали фустанот навистина е целосно направен од лажни црвени нокти. Јас сум само љубопитна”, ѝ напишала една девојка во коментарите на Инстаграм, на што Лорен одговорила: “Да”.
Во коментарите следеа и бројни други комплименти за нејзиниот изглед.
„Тој фустан е убав и уникатен исто како Лорен“, „Колку си убава во црвено“, „Леле. Изгледаш неверојатно“, се некои од нив.
Кога станува збор за грижата за нејзиното лице, Лорен не крие дека легнала под нож за да го одржи младешкиот изглед. Таа направи лифтинг на лицето и редовно вбризгува ботокс и филери.
Папараците неодамна ја фотографираа додека на џет-ски во Грција. Нејзините тренирани мускули беа во преден план и собираше комплименти.