На просторот кој го покрива Секторот за внатрешни работи Тетово, според досегашното искуство, се очекува во наредниот период да се организираат голем број семејни веселби-свадби.
Имајќи ги предвид досегашните искуства поврзани со овие празници, СВР-Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје, како и од неовластен огномет, што во последно време е практика на свадби на овие простори.
„Секторот за внатрешни работи-Тетово ги потсетува граѓаните дека пукањето со пиштол е прекршување на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека глобата за овој вид прекршок според член 31 се движи од 100 до 250 евра, во денари.
Исто така, во зависност од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена казна затвор од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик на Република Македонија)“, додаваат од СВР-Тетово.