Најновата акција на Јавното обвинителство потврдува сè. СДСМ ја кажува вистината за Кочани уште од првиот ден. Вчерашните апсења на полицајци се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на дискотеката „Пулс“, се вели во соопштението на СДСМ.
„Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се преземаат мерки. Но, фактот останува дека четири месеци, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги заштитат и да ја покријат нивната одговорност.“
Тие ги штитеа и криеја своите службеници, ја лажеа јавноста и вршеа притисок врз Обвинителството за да не се преземат никакви мерки против нивните вработени, за кои се докажа дека се директно одговорни за пожарот во кој беа изгорени 62 деца.
„Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој ги назначуваше, тој даваше наредби и поради оваа причина мора да поднесе оставка и да се соочи со кривична одговорност“, обвинуваат од СДСМ.