Блокадата на членството во ЕУ, не само што ќе предизвикува изолација на државата, туку директно е насочена против поголеми плати и пензии, против подобар животен стандард на граѓаните.
Искуствата покажуваат дека кај сегашните држави членки на ЕУ во првите пет години по зачленувањето во унијата, растот на платите бил и до 100 отсто.
Благодарение на исполнетите ветувања на СДСМ минималната плата е зголемена на 21.000 денари од 8.000 денари, колку што беше во време кога ДПМНЕ беше на власт.
И просечната плата од 20.000 денари е зголемена на 36.000 денари.
Просечната пензија порасна за 60 отсто, а минималната пензија за 47 отсто.
Со членство во ЕУ платите и пензиите драстично ќе се зголемат.
Јасно е дека оние коишто го кочат напредокот на европскиот пат, кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните.
Пред државата е единствена можност, што треба да се искористи, со глас за Европа и уставни промени да се обезбеди продолжување на европската интеграција и подобар животен стандард на граѓаните.
Членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот, поголеми плати и пензии, економска извесност и просперитет.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста