Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ година и пол создаде долг од над 16 милиони евра во четири општини. Ова денеска преку соопштение го изрази Социјалдемократската лига на Македонија, информира Журнал.
Како што соопштија од СДСМ, ГазиБаба влегла во долг од 5 милиони евра, Аеродром 5,4 милиони евра, Прилеп 5 милиони евра и Бутели 2 милиони евра.
„Како неспособни се покажаа градоначалниците на општините од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги задолжуваат богатите и финансиски стабилни општини, парите да ги трошат на партиски вработувања и непродуктивни трошоци.
Граѓаните им веруваа да ги решат нивните проблеми и да ги реализираат ветените проекти, а притоа да се вратат со поскапи општински услуги и долгови за кои ќе треба да се платат со години.
ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Христијан Мицкоски донесоа хаос во општините. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешната локална власт досега“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.