СДСМ денеска преку соопштение реагираше на вчерашната прес-конференција на портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, кој коментирајќи го изборот на новиот лидер на СДСМ, рече дека поканата за ЗНАМ е отворена за прифаќање на сите членови на искрено на СДСМ.
„Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и душа за остварување на социјалдемократските вредности никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитриевски стана слуга и подадена рака на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за неколку места и функцијата градоначалник.
„Срамно и жално е да се видат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и слушатели во Владата која ја водат луѓе кои сакаат да убијат свои поранешни сопартијци. Срамно е поранешните пратеници на СДСМ да бидат функционери во владата на Мицкоски. Вистинските членови на СДСМ се засрамени и осудени од ова“, се вели во реакцијата.
Од СДСМ велат дека се единствената вистинска опозиција која ќе се бори да ги спречи, како што посочуваат, штетните политики на Владата на Мицкоски и нивниот сателит ЗНАМ.