„Додека владата на Мицкоски лета на небо и планира да купува авиони, Северна Македонија е на третото место во Европа по цена на лебот“, велат од СДСМ, повикувајќи се на најновите податоци на ЕУРОСТАТ.
Социјалдемократите велат дека тоа е резултат на погрешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ги фаворизираат елитите, а ги забораваат граѓаните.
„Високата инфлација и високите цени ги голтаат семејните приходи во Македонија и претставуваат закана за зголемување на сиромаштијата. Немаме леб и купуваме чоколади, тоа е дел од политиката на оваа власт“, реагираат од СДСМ.
Опозициската СДСМ бара Владата да ги прифати предлозите на СДСМ.
-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи;
-Зголемување на минималната плата и платите во другите сектори;
-Треба да се преземат мерки за контрола на цените на храната и енергијата, се вели во реакцијата на СДСМ.