СДСМ: Владината пресметка за потрошувачката кошничка е скандалозна

Опозициската партија СДСМ оценува дека се скандалозни неодамнешните одлуки на Владата со кои сака да ги наруши реалните пресметки на потрошувачката кошничка.

Велат дека Владата измислила свој начин да пресметува колку „животот чини“ за граѓаните и се обидува да го убеди народот дека може да живее со 400 евра.

Кристина Костова, потпретседател на СДСМ, изјави дека на овој начин граѓаните не треба да одат на одмор, да немаат можност да одат во кино или театар, бидејќи тоа според власта е луксуз.

„Целта на Владата е да го замени реалниот индикатор – минималната кошничка на синдикатот – со нова „просечна потрошувачка кошничка“ создадена од владата. Но не за четиричлено, туку за тричлено семејство. Новата просечна кошничка ќе ги игнорира реалните трошоци. Ќе се сведе само на храна и сметки, без никаква рекреација, култура или достоинствен живот.

Од СДСМ побараа минимална плата од 500 евра, бидејќи како што велат, со сегашната пресметка ниту две минимални плати не можат да ги покријат трошоците на едно тричлено семејство.