СДСМ во неодамнешното соопштение ја изрази својата загриженост за високото ниво на загаденост во Скопје, кој е меѓу најзагадените градови во светот и дека скопјани дишат загаден воздух без видлива интервенција на локалните власти. Тие ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ, која има мнозинство во Советот на Град Скопје, за непреземање соодветни мерки и неангажман во борбата против загадувањето.
„Нема мерки за намалување на сегашното загадување, не се реализираат еколошки проекти, нема решенија за справување со загадувањето во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не прави ништо.
Советниците на Град Скопје имаат предлог за Буџетот за наредната година во кој има програми со намалени суми до 70% во однос на износот од претходната година“, се вели во нивното соопштение.
Како одговор на ова, советничката група на СДСМ и коалицијата ќе подготви и предложи амандмани за подобрување на состојбите, со идентификување на некои клучни аспекти кои мора да се решат за подобрување на еколошката состојба во Скопје.