Владејачката македонска партија СДСМ преку соопштение за медиумите вели дека ВМРО-ДПМНЕ се распушта.
Од СДСМ велат дека македонската опозиција има големи внатрепартиски проблеми.
„Мицкоски да не ја обвинува СДСМ за поделбите и внатрешните препукувања во -ВМРО-ДПМНЕ. Очајниот Мицкоски воопшто да не им се меша на СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да ги решава тепачките“, се вели во реакцијата на СДСМ.
„Јавноста се уште чека одговори од Мицкоски за договорите со Груевски. Дали ги крие барањата за амнестија на сопартијците, поради незадоволството внатре во неговата партија“, соопшти СДСМ.