Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката на Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски – член на Советот на општина Битола и Кристина Костова – член на Централниот одбор на СДСМ, се новоизбранитњ заменик -претседатели на СДСМ.
„СДСМ синојка ја одржа првата седница на Централниот одбор, а за потпретседатели се избрани Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова“, велат од СДСМ.
За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од СДСМ-Гази Баба.
За организациски секретари се избрани Љупчо Фармаковски од Центарот на СДСМ и Мартин Костовски, пратеник во Собранието.