Раководството на СДСМ попладнево донесе одлука да го поддржи вториот претседателски мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Партиски извори информираат дека попладнево на состанокот на раководството на СДСМ било одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе им биде претставена на членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата.
Веќе се планирани средби со коалициските партнери за следните денови, а официјалната промотивна конвенција ќе се одржи на 3 март.
„Пендаровски е победнички кандидат, со најголем капацитет на коалицијата, кој заедно со СДСМ и партиите од прогресивниот, демократски блок силно ја споделува визијата за европската иднина на државата. Во актуелниот мандат го врати интеграторот и кредибилитетот на институцијата претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани“, велат од СДСМ.