Како во лош криминалистички филм, среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за железарија, во градскиот парк“, велат од СДСМ.
„Додека продавницата сè уште работеше, криминалци со качулки и експлозивни направи извршија дрзок вооружен грабеж. Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку и во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно уништена поради неспособноста на Тошковски. Само еден ден пред овој вооружен грабеж беше запалено македонското знаме и пукаше од автоматот. Напаѓачите сè уште не се уапсени. Безбедносниот систем е уништен од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола врз безбедноста, институциите не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните како што треба. Во последните 5 месеци се случиле 20 вооружени инциденти и убиства. Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политичките интереси на Мицкоски и ОБРМ-ПДУКМ. Тошковски е најнеспособниот министер во историјата и мора да поднесе оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.