СДСМ: Имаме план од три точки за решавање на кризата во Скопје

Состојбата во Скопје е катастрофално лоша. Насекаде нема градски превоз, ѓубре и нечисти патишта, дури и основни услуги кои граѓаните не можат да ги добијат. Реално Скопје е во голема криза.

„Скопјани се жртви на политички игри и меѓусебни спротивставувања на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.

Нема М од модерно Скопје што го ветуваа и со кое бараа доверба од граѓаните, нема ништо од нивните ветувања пред избори. Скопје ја доживеа најтешката катастрофа по земјотресот.

Наместо да се води политичка војна на сметка на граѓаните, преземете одговорност.

Министрите во Владата на Мицкоски не можат да се движат со скапи службени автомобили, а граѓаните да стојат. Владата не може да го игнорира главниот град.

Советничката група на СДСМ и коалицијата покренаа иницијатива и поднесе барање за вонредна седница.

На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои очекуваме заеднички да ги поддржат сите советници и на крајот да излезат во пресрет на граѓаните на Скопје.