СДСМ: Инфлација од 4,8%, неуспешните политики на владата го туркаат народот кон сиромаштија

Инфлацијата брзо расте со ВМРО-ДПМНЕ, секој нов месец е нов удар врз животниот стандард на граѓаните, обвинуваат од СДСМ.

„Државниот завод за статистика објави алармантни бројки, годишната инфлација е 4,8%.

Овие катастрофални бројки не се од „четврта економија“, туку од економија во слободен пад. Резултат на целосно неуспешните економски политики на Владата на Христијан Мицкоски.

Речиси сè поскапе, особено храната и основните производи.

Животот станува сè потежок, граѓаните имаат сè помалку пари, илјадници семејства во Македонија едвај врзуваат крај со крај.

Родителите се принудени да се откажат од многу работи за да обезбедат храна за своите деца, правејќи дневни пресметки, дали да платат сметки или да купат основна храна.

И додека луѓето едвај врзуваат крај со крај и секојдневно се борат со високите цени, премиерот Мицкоски сè уште „анализира“.

„Владата упорно ги отфрла конкретните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите“, нагласуваат тие.

СДСМ вели дека нема потреба од „анализи“ и неуспешни мерки со „корпи“.