СДСМ: Историска шлаканица за ВМРО-ДПМНЕ од нејзините сојузници во Европскиот парламент

Од СДСМ оценуваат дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија.

„Предложениот амандман за воведување на формулацијата „современ македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку беше презентиран токму од нејзиниот координатор Михаил Галер, член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува свој стратешки и идеолошки партнер со години.“

Овој амандман претставува сериозен удар врз позициите на Република Северна Македонија, но и значително понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која се претставува како „бранител“ на македонскиот јазик. Наместо поддршка, тие добија дипломатски шлаканица од своите европски пријатели со која се доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во нејзината матична група.

Исто така, загрижувачко е што ЕПП објави дека ќе го поднесе истиот амандман на пленарна седница, што значи дека ова не е изолиран инцидент, туку координиран став во кој ВМРО-ДПМНЕ или учествува или молчи.

,,Во исто време, извештајот на Европскиот парламент содржи клучни пораки што ја откриваат вистинската слика за неуспехот на новата влада да дејствува во однос на интеграцијата во ЕУ, имено постои јасен повик за итен напредок во уставните измени и реформите поврзани со ЕУ, како и загриженост за пречките во борбата против корупцијата и независноста на судството“, обвинуваат од СДСМ.