СДСМ и Левица реагираат дека од 74 кандиат за нови офицери во Министерствоито за одбрана примени се само 29 имиња за да се остави, како што велат од таму, простор за нови партиски подобни кадри.
„Во Министерството за одбрана се случува уште поголема манипулација. Во конкурсот за 60 места за стручно оспособување на офицери, 74 кандидати успешно ја поминале селекцијата, но само 29 имиња се нашле во решението. Министерството за одбрана ја лаже јавноста тврдејќи дека тие кандидати ќе бидат пренасочени во “втора група” за курсисти, што е целосна манипулација.
Нема да има втора група, туку нов оглас за нови кадри кои се подобни и кои ќе ги чуваат местата за нив. Граѓаните треба да бидат свесни дека пораката на ВМРО-ДПМНЕ е јасна: нема место во оваа држава за чесните, работливи, оние кои вложувале во себе и својот развој. Единствениот пат до успехот е или преку партијата или преку граница“, реагираат денеска од СДСМ.
Од Левица реагираат дека најдобрите кандидати се подло одбиени и дека нема да има „втора група“ по истиот конкурс.
„Левица ги повикува оштетените кандидати да ги искористат сите правни механизми за заштита на своите права и да не молчат.
Јавноста заслужува одговори, а Министерството мора јавно да објасни: Зошто и како токму интервјуто, најсубјективниот дел, било одлучувачко при елиминација на кандидатите со највисоки објективни резултати?“, соопштија од партијата.