Откако вчера ослободениот наркобос јавно и се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека тоа е договорено сценарио. Сега останува отворено прашањето: која е цената и кој ги доби парите за ова заблагодарување?, обвинуваат денеска од СДСМ.
„Прашањето е: што им должи владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко кланот „Барон“ и какви услуги враќаат?
Откако Силјановска вчера се збрка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калаџиев дека комисијата дава само мислење, а претседателот е тој што простува, денеска е принудена да излезе заедно со Мицкоски и да објасни која е. позадината на овој скандал.
Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во дупката за стаорци, да каже која е неговата улога во целиот скандал и да не молчи.
Денеска правната држава е погребана и правдата што ја ветуваат ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко картелите и луѓето од подземјето“, велат од СДСМ.