СДСМ: МВР да одговори за улогата на Мицкоски во кочењето на акцијата против дрогата

Од владејачката македонска партија СДСМ велат дека МВР треба да одговори која е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрогата.

Од СДСМ велат дека јавноста чека одговори по скандалот со тепање полицајци и попречување на акција за борба против дрогата.

„Дали структурите на ВМРО-ДОМНЕ сега кога имаат министер ја кочат борбата против дрогата? Шефот на обезбедувањето на Мицкоски претепал полицаец, инспектор, кој си ја вршел работата и вршел антидрога акција во кафуле во Скопје. Овој скандал мора целосно да се расчисти“, велат од СДСМ.

Институциите мора да дејствуваат и сите инволвирани да сносат одговорност“, заклучуваат од СДСМ.