Дека е заложник на Апасиев покажуваат милитаристичките изјави на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во делот каде што вели дека бил волонтер и дека ја добил војната – пренесува КланМ, коминикето на СДСМ.
Социјалдемократите, како што соопшти КланМ, велат дека Мицкоски е политичар без позиција и визија за стратешки прашања и делува спротивно на интересите на државата и граѓаните.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложници на популистичките политики и поттикнувачките реторики на „Левица“, кои го кочат европскиот пат на државата и меѓусебно се натпреваруваат во штетното политичко дејствување“ – велат од СДСМ.