СДСМ: “Мицкоски води хајка против изградба на коридорите 8 и 10Д“

Долг е списокот на лаги што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираат водејќи хајка против изградба на кориодорите 8 и 10Д, најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека државата ќе плаќала пенали ако во Собранието не се донесе пакетот закони поврзани со изградба на коридорите.

Излажаа и дека ќе се кршат работничките права на ангажираните работници за изградбата на овој стратешки проект во којшто 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании.

Изнесена невистина од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е и дека 70 отсто од ангажираните работници ќе бидат од странство, иако Законот за изградба на коридорите е јасен и во член 11 предвидува најмалку 51% од ангажираните ресурси да бидат  локални.

Лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е дека ангажманот на работници од странство дека ќе биде спротивна на законот. Во член 13 од Законот за изградба на коридорите јасно е утврдена законската процедура.

Обвинувања на Мицкоски за новиот начин на градење, по фази, со кој се обезбедува брзина и ефикасност во изведбата на Коридорите само покажува дека хајката којашто ја води е од политички и лукративни причини и нема врска со ништо друго.

Хаос како ВМРО-ДПМНЕ што направи со Кичево-Охрид  нема дозволиме да се случи.

Хајката против изградбата на коридорите 8 и 10Д којашто ја води Мицкоски го покажува неговото заложништво на проруската Левица. 

Неговите мотиви се едно, но политика со лаги не се тера, граѓаните не се наивни, тоа Мицкоски треба конечно да го научи.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

МакедонијаполитикаСДСМ