Премиерот Христијан Мицкоски денес повторно се обиде да ја манипулира јавноста со празни зборови за судството и обвинителството, обвинуваат од СДСМ.
Тие велат дека наместо реформи и конкретни решенија, тој уште еднаш покажува дека негов единствен интерес се политичката контрола и дневнополитичките поени.
„Фактите се јасни, откако е на власт, Мицкоски не донесе ниту еден закон за реформи за судството. Неговиот некомпетентен министер за правда од ЗНАМ не спроведе никакви промени цела година. Наместо ветените промени, Мицкоски го трансформираше судството во партиска гранка – со судии кои се сопружници на неговите градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.
Денес тој зборува за „болност“ од платите на судиите и обвинителите, а вистината е дека граѓаните се чувствуваат лошо од неговата неспособност и лицемерие.
„Мицкоски дури и одби да ги одобри потребните реформски закони заедно со СДСМ, со што јасно покажа дека нема намера да спроведува реформи во судството. Тој сака судство блокирано во неговиот партиски систем, а не независно и праведно“, велат од СДСМ.