СДСМ: Мицкоски да одговара за средбите со Палевски

Владејачката СДСМ утринава преку реакција побара првиот човек на ВМРО Мицкоски да се појави пред граѓаните и да одговори, според нив, за средбите со Љупчо Палевски, пренесува КланМ. Палевски е уапсен од турските власти по меѓународната потерница, како главен осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот бербер.

„Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја шокираше целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, како и нивниот коалициски партнер Левица. Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ, но и против се што значи демократија во Македонија и за поттикнување етнички тензии. Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на тивка агресија на ДПМНЕ во последните две децении. Во рамките на Бојкотот заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. И тие беа дел од насилните протести против францускиот предлог и ја кренаа гилотина пред Собрание“, се вели во реакцијата на СДСМ.