СДСМ: Мицкоски и Таравари ќе ги натераат пациентите на Клиниката да плаќаат паркинг по цени од трговски центар

„Со вчерашните изјави за скандалозниот криминал во најавата за паркингот на Клиниката, Таравари и Мицкоски потврдија дека не само што се крие огромен бизнис интерес зад договорот со Ѓока, туку дека немаат чувство или интерес да ги заштитат пациентите“, велат од СДСМ во врска со најавата дека со паркингот на Клиниката вели, СДСМ ќе управува опозициска фирма од Албанија.

„Скандалозно и срамно е што министерот за здравство поскапувањето на паркингот кај Клиничкиот центар го оправдува со цени во трговските центри. Граѓаните за посета на лекар ќе плаќаат по 50 денари од час, а не 30 како досега. Ова е врв на бесрамноста – споредување на луѓето кои се борат за егзистенција со купувачите во трговските центри. Пациентите, меѓу кои и оние кои боледуваат од рак и други тешки болести, немаат избор – мораат да дојдат во Клинички центар и Владата ги уценува со високи цени за паркирање“, велат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека дополнителен скандал е изјавата на Таравар дека други фирми не сакале да се пријават на тендерот бидејќи Клиничкиот центар „не може да остане таму повеќе од седум, осум, десет години“.

„Оваа изјава целосно го разобличува хаосот и неспособноста на Владата. Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, пред само еден месец изјави дека изградбата на новиот Клинички центар е прекината поради демографски причини и поради намалениот број жители. Значи, која е вистината? Или паркирањето не е дел од коалицискиот договор? Самиот министер Таравари потврди дека Владата предвидела исклучително ниска провизија за државата – само 1% од годишниот приход од паркирање. Со ова Мицкоски и Таравари буквално го даваат паркингот на приватна фирма, овозможувајќи огромни профити на сметка на пациентите и граѓаните. СДСМ најостро го осудува криминалниот договор на Владата предводена од Христијан Мицкоски и неговиот министер за здравство Арбен Таравари, преку кој под штетни и понижувачки услови за државата и граѓаните и беше доделен паркингот на Клиничкиот центар на фирмата „Ѓока“ од Албанија. Овој криминален договор, кој е директно на штета на граѓаните, покажува дека власта на Мицкоски нема грижа за здравствениот систем и пациентите, туку работи само за приватни интереси. Додека јавните здравствени установи тонат во долгови и немаат ресурси, Владата буквално го продава државниот имот за безвреден отпад“, велат од СДСМ.