По оваа прес-конференција на првиот човек наВМРО-ДПМНЕ реагираа од СДСМ. Пратеникот на социјалдемократите Ненад Коциќ рече дека Христијан Мицкоски со денешната акција се обидува да ја оштети и загрози истрагата за Онкологија.
Доколку Мицкоски навистина има докази, Коциќ повика да ги достави до надлежните институции, пред се до Јавното обвинителство.
„Од каде знае Мицкоски дека оваа информација повеќе не е дел од истрагата? Појавувањето во јавноста значи директно загрозување на истрагата за Онкологија.
Криењето докази е исто така кривично дело. Јасно е дека Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел ако сака да ја попречува правдата? За овој чекор на Мицкоски очекуваме реакции од надлежните институции“, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.