Од СДСМ велат дека се на страната на работниците и синдикатот и дека е разгледано барањето на УПОЗ.
„Владата го разгледа барањето на Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и дадена е нова препорака за моменталната вредност на бодот за пресметка на плата, со важност од 1 јануари 2024 година до 31 мај 2024 година“, додаваат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека во ова се вклучени и вработени во Фондот за здравствено осигурување.
„Ова значи обезбедување на висината на платите на вработените на ФЗО. Одлука го опфаќа периодот до трајното решение кое секако ќе биде во корист на сите вработени.“