СДСМ одржува Конгрес на 24 ноември, ќе биде ли Макрадули новиот генерален секретар?

Опозициската СДСМ кон крајот на месецот, односно на 24 ноември ќе го одржи следниот свој Конгрес, дознава 24инфо.мк од партиски извори.

Според информациите, на Конгресот се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, а неофицијално во игра за позиции се и неколку актуелни, но и поранешни функционери на партијата.

Меѓу нив е и Јани Макрадули, за кого постојат информации дека ќе биде нов генерален секретар на партијата.

Макрадули често може да се види ви друштво на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а во последниот период е доста активен на социјалните мрежи каде коментира актуелни политички случувања.