СДСМ: Рамо до рамо со жителите на Жировница (фото)

Изминатиот период карактеристично за СДСМ (владеачката партија во РСМ) е нивната теренска кампања и активност на речиси секое населено место насловена ,,Рамо до рамо.”

Вечерва неколку локални функционери во Општина Маврово и Ростуше пред жителите на село Жировниица ги презентираа Владините политики, цели и интереси.

Главен ,,организатор” на оваа средба беше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртровски, а негова поддршкаа беа Пратеничката Белкиса Зекири и Самир Ајдини, Директор на Национален парк Маврово.

За овој настан пишуваше и на фејсбук страната на СДСМ Маврово Ростуше.

Во продолжение ви го пренесуваме и нивниот ФБ статус како и некои слики од атмосферата:

“Рамо до Рамо до победа” со жителите на Жировница

Пратеничките Белкиса Зеќири, Бети Рабаџиевска и Марија Кочовска попладнево остварија Маалска средба со жировничани, при што ги презентираа тековните активности и проекти на Владата предводена од СДСМ.

Во своето обраќање градоначалникот Медат Куртовски ги потенцира инфраструктурните проекти во село Жировница кои се веќе во употреба но и плановите за наредниот период.

На средбата присуствуваа, директорот на НП “Маврово”, Самир Ајдини, директорот на ООУ Ј Б Тито Анес Ахмети и Претседателката на Советот на општина Маврово и Ростуше, Теута Мирто

6