Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се во целосно заложништво на проруската Левица и Димитар Апасиев. Тоа е коалицијата на хаосот.
Од тој факт ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не може да побегнат.
Мицкоски го следеше налогот на Апасиев и затоа не номинираше претставници во екпертската работна група за уставните измени.
Исто така, претходно Мицкоски одби учество и петте работни групи со Бугарија.
Заложникот Мицкоски не учествуваше во ниту една државна одлука, седи на страна и работи против ЕУ.
Промашените пропаганди на ВМРО-ДПМНЕ и Левница се на штета на македонското општество и европскиот пат на земјата и СДСМ ќе ги разобличува секој ден.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.