Од македонската партија на власт СДСМ велат дека европската иднина е клучна за граѓаните и за државата.
Од оваа партија велат дека членството во ЕУ носи европски стандарди, повисок животен стандард за граѓаните, повеќе работни места, повисоки плати и пензии, подобро владеење на правото, уште подобро владеење на демократијата.
„Патот државата да биде дел од европското семејство до 2030 година е трасиран, но ВМРО-ДПМНЕ го блокира напредокот кон членство во ЕУ. Блокадите на ДПМНЕ директно и штетат на државата и народот, доведуваат до изолација и несигурност, економски пад, иселување на младите. ВМРО-ДПМНЕ не може да обезбеди европска иднина, не може да донесе добри работи за граѓаните“, се нагласува во соопштението на партијата.