СДСМ: 240 илјади евра тендери од Битола за Пуцко Петрол, омилениот снабдувач на ВМРО-ДПМНЕ

Пуцко Петрол е претпочитан снабдувач на општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ долг период, години наназад, велат од СДСМ.

„Со само три склучени договори со општина Битола каде градоначалник е Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ, во оваа фирма завршиле речиси 240 илјади евра.Ова се само 3 од над 170 тендерски договори што општините и институциите со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ ги склучиле со Пуцко Петрол.

Јавноста знае дека се работи за бизнис кој се роди во времето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа во коалиција.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони народни пари преку општините, министерствата и другите институции со кои раководат завршиле во Пуцко Петрол? – се наведува во соопштението на СДСМ.