Северина ги почести своите следбеници со атрактивно издание: Бујното деколте во преден план

Северина на социјалните мрежи ги покажа обетките, но вниманието на нејзините следбеници навистина го привлече нешто сосема друго – нејзиното бујно деколте.

Таа моментално се одмара, па објави фотографија на која позира во костим за капење.

„Девојка со бисерна обетка.jpg“, навела таа во описот. Следбениците на Инстаграм ја опсипуваа со пофалби за нејзиното деколте во коментарите.

„Сите ние што не ја забележавме обетката“, „За какви обетки зборуваш? Не гледам“, „Убавица“, „Убава си“, се некои од нив.

Оваа хрватска пејачка во едно од претходните интервјуа откри дека практикува аштанга јога. Таа го нарече најтежок, но во исто време и најдобар еликсир за телото и душата. Покрај вежбањето, таа призна дека својот добар изглед го должи и на генетиката. Дури и кога има напорен распоред, ретко кој го забележува тоа кај неа.

“Се случува да спијам само четири часа на ден и сè да завршам. Никој не е лишен. На сите им требам – син ми и јас и мајка ми и пријателите и публиката, а за тоа е потребно време. Понекогаш одам на штета од себе, па спијам малку за да завршам сè, на пример, не знам кога седев мирно дома и гледав телевизија, но мојот живот е исполнет“, изјави таа за Story.hr.