По празниците, кои ги помина и на работа и со своите најблиски , пејачката реши да „скокне“ на одмор во потоплите краишта и го избра Тајланд.
Таа замина на егзотично патување со своите пријатели, а своите фанови на социјалните мрежи ги израдува со неколку предизвикувачки објави каде ја покажа и својата одлична фигура и божествената природа во која ужива.
Сменила неколку костими за капење, а изгледа дека овој пат во нејзиниот куфер се најдоа само црни… Сите три модели кои досега ги покажала одлично и прилегаат и во нив гордо ја истакна својата фигура, па не е чудно што таа привлече големо внимание и наиде на воодушевување на фановите.
Северина прво позираше во базен во црн дводелен костим за капење во кој не ја откри целосната фигура. Таа имаше и моден додаток во вид на црно-бели очила за сонце, а комплиментите за нејзиниот изглед брзо почнаа да пристигнуваат.
„Зима, зима – па што, ако е зима, не е лав“, на шега рече таа со објавата, а фановите рекоа дека изгледа одлично и дека ги „загреала“.
Една од комбинациите вклучуваше едноделен костим за капење, апостолки и плетена чанта, а Северина овој ефикасен стајлинг го зачини со детал околу вратот и црни очила за сонце.
А не помалку ефикасна и третата комбинација која ви ја прикажавме на почетокот на текстот, а тоа е дводелен костим чиј долен дел е со висок струк, а горниот е како топ.
Во кое издание најмногу ви се допаѓа Северина?
Да се потсетиме и како изгледаше минатото лето…