Северина за номинацијата на студенти од Србија за Нобеловата награда за мир: „Во одреден момент се очекуваше“ (Фото)

Северина секојдневно споделува приказни од протестните собири во Србија, изразувајќи поддршка за студентите, а сега ја поддржа и одлуката да се номинираат студенти за Нобеловата награда за мир. Имено, студенти од Србија денеска и официјално станаа кандидати за овогодинешната Нобелова награда за мир. Тие денеска, на една минута до 12, беа номинирани од драматургот Синиша Ковачевиќ и адвокатката Дијана Стојковиќ, во последен момент.

Во текот на денот пристигна потврда од Нобеловиот комитет дека ја прифатиле нивната кандидатура, а во оваа прилика се огласи и Северина преку приказни на Инстаграм.

Таа ја сподели веста заедно со текстот на песната на Ѓорѓе Балашевиќ – „Насмевката се врати во градот“, и напиша: „… во одреден момент се очекуваше, но сега е сигурно, насмевката се врати во градот“ .

За потсетување, Северина од самиот почеток ги поддржува протестите на белградските студенти кои се противат на властите, особено на блокадите предизвикани од трагедијата во Нови Сад. Северина минатата недела испрати и видео порака до студентите, во која им порача: “Благодарам за се, останете безбедни, внимавајте. И јас дефинитивно ќе дојдам што е можно поскоро, се надевам. И знаете дека ќе дојдам. Ве сакам веле Северина.”

Таа им ја посвети и песната „Тако ти е сине мој“, а тие и возвратија со тоа што ја посетија кога настапи во Сараево.

Покрај тоа, Северина го поддржа и бојкотот на продавниците во Хрватска, кој се одржа на 24 јануари 2025 година. Таа на својот Инстаграм сподели објава од профилот „Гроф Дар и политика за ген З“ на која пишува: „Додека министрите ни крадат и нè пукаат со пиштоли, народот се организира. Поддржете го бојкотот на сите продавници на 24 јануари, 2025 година.”