Северина на Инстаграм му го честиташе 11-от роденден на синот Александар со нивното заедничко видео.
Пејачката Северина Вучковиќ (50) е горда мајка на момчето Александар , кое на 20 февруари наполни 11 години.
Северина на својот Инстаграм профил му го честиташе роденденот на синот со нивното заедничко видео од прославата
„Среќен роденден на мојот ангел, мојата најголема љубов, синко. Се што имам си ти…“ напишала емотивната Севе, по што во коментарите следела лавина од честитки до Александар.
„Си ја родила Северина во машка форма“, „Каков поглед… искрена љубов“, „Иста мајка“ се дел од многуте коментари кои ги доби Северина под објавата.
Последен пат пејачката објави фотографија со синот кога настапи во Сплит на новогодишната ноќ, а ниту тогаш немаше коментари за нивната сличност.
Инаку, Северина во 2012 година го доби синот со поранешниот партнер Милан Поповиќ, со кој води долгогодишна битка за старателство.