Северина важи за една од најубавите пејачки на овие простори, а во својата 6-та деценија може да се пофали со изглед како на 20-годишна девојка. Нема вишок килограми, стрии, целулит, а многу жени се прашуваат како. Северина со години ја има истата тежина – 55 килограми на висина од 170 сантиметри. Убавото тело го должи на навиките кои ги следи со години. Инаку, големината на облеката на Северина е 36, а нејзините мерки се 95-61-95.
Пејачката редовно тренира, но вели дека успехот не е можен без соодветна исхрана. Во еден период имала седум килограми вишок, од кои се ослободила со корегирање на менито.
„Сакам да јадам, па се дебелеам, но потоа не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја коригирав исхраната. Се одлучив за пет помали оброци и половина час прошетки“, изјави таа во една прилика.
Ова и помогнало од 62 килограми да се врати повторно на 55 килограми.
„Обожавам овошје и зеленчук, па во последно време ги јадам само. Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки , капини и бадемово млеко. Понекогаш и банани, за да биде погусто. Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек“, открила таа.
Кога станува збор за тренинзите, Северина оди во теретана еднаш неделно, освен кога се подготвува за турнеја – тогаш таму ќе ја најдете три до четири пати неделно. Таа има „едноставен“ рецепт за задникот од соништата: „Вежбам рамномерно и го вежбам целото тело, а за совршен задник правам чучњеви. На сите жени би им препорачала да прават по 100 чучнувања дневно, а така модната писта ќе биде нивна“, вели познатата пејачка.