Северина Вучковиќ пред две години се разведе од Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, а сега на јавноста и’ откри како гледа на шестгодишниот брак на кој стави крај.
Северина cè уште не ја избриша фотографијата од свадбата со Којиќ на своите профили на социјалните мрежи, но го промени описот на фотографијата, со што јасно стави до знаење што мисли за нивниот брак од денешна гледна точка.
Поранешниот пар се венча тајно во 2015 година, а јавноста кога пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија од венчавката со текст:
– Драг мој, да не се сретневме, ќе беше вистинска штета… 22.11 – напишала тогаш.
По разводот со Игор, пејачката не ја избриша објавата од својот профил, а истата може да се најде на нејзиниот профил и денес, но описот е сосема поинаков.
-Голема грешка – пишува сега во описот на фотографијата со која Северина го откри своето мислење за пропаднатиот брак.