Според воениот дописник на руската државна телевизија, Александар Сладков, Северна Кореја се подготвува да испрати педесет илјади војници од своите вооружени сили во борбени мисии за поддршка на руската армија поради војната во Украина.
Во видеото на неговиот канал на Јутјуб, Александар Сладков, руски новинар ветеран, специјализиран за воени прашања, тврди дека Северна Кореја е цврсто усогласена со Русија во тековниот конфликт.
Во прилог на ова, тој дополнително додава дека Пјонгјанг е подготвен да придонесе во напорите со испраќање на свои војници да учествуваат во војната со Украина.
Повеќе за тоа погледнете во видеото подолу: