Северна Кореја денеска тестираше стратешки крстосувачки ракети море-земја, објави севернокорејската новинска агенција.
Агенцијата наведува дека стратешките крстосувачки ракети прелетале 1.500 километри пред да ги погодат целите и додава дека тие не ја загрозиле безбедноста на соседните земји.
Според извештајот на агенцијата, тестирањето било надгледувано од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој рекол дека во прашање е тестирање на „важен вооружен систем“.