Северна Македонија и Обединетото Кралство денес во Лондон го потпишаа Договорот за стратешко партнерство.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, и британскиот министер за економија и извоз, Гарет Томас, го потпишаа историскиот Меѓувладин договор за инфраструктурно партнерство, вреден пет милијарди фунти.
„Веќе се подготвени три приоритетни проекти: поврзувањето со брза железница по должината на Коридорот 10, модернизацијата на болниците и изградбата на нов Медицински факултет. Ќе продолжиме со проекти во енергетиката и заштитата на животната средина“, рече Николоски.
Соработката ќе значи не само финансиска поддршка, туку и директен трансфер на експертиза од британската јавна администрација и бизнис секторот.
Томас нагласи дека двете земји се блиски сојузници во рамките на НАТО и ја пофали соработката како важен чекор напред во економските и билатералните односи.
Владата на РМВ го одобри договорот пред два дена, откако премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер постигнаа договор на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, Албанија.
СДСМ има одредени забелешки и бара детали за тоа на што би се потрошиле парите.