Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Србија никогаш не биле подобри од денес и се без отворени прашања. Како добри соседи, успешно ги надминавме и предизвиците од економско-енергетската криза, во рамки на Берлински процес, иницијативата Отворен Балкан, било истакнато на заедничкиот пленарен состанок, денеска во Белград на двете делегациии на Србија и Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски е во официјалната посета на Белград и ја предводи владината делегација во која се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.
Заедничкиот состанок на министрите од владите на Република Северна Македонија и на Република Србија го отвори премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
-Двете владини делегации на состанокот ја истакнаа важноста на тесна соработка помеѓу министерствата и институциите, на Северна Македонија и Србија, како и потпишувањето на повеќе меморандуми за уште поголемо унапредување на соработката речиси во сите области. Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Србија никогаш не биле подобри од денес и се без отворени прашања. Како добри соседи, успешно ги надминавме и предизвиците од економско-енергетската криза, во рамки на Берлински процес, иницијативата Отворен Балкан.
На состанокот беа потенцирани одличните пријателски односи меѓу двете земји, тесната соработка, продлабочување на заемните интереси, како и заедничката определба за Западен Балкан да е регион на траен мир целосно интегриран во ЕУ, се наведува во соопштението од средбата.
На состанокот од владата на Република Србија присутни беа министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, Јелена Танасковиќ министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Весиќ министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура и Дубравка Џедовиќ, министерка за рударство и енергетика.